ВЕСТИЗДРАВСТВО

Разгалено и хистерично дете: Неколку докази дека вие сте го направиле такво!

Сигурно се сеќавате на времето пред да станете родител кога на јавно место сте виделе и слушнале разгалени деца, кои врескаат за да им се исполни некоја желба. Притоа најверојатно сте помислиле дека вашите деца никогаш нема да бидат такви.

Да, сите така мислиме се додека не станеме родители, а поточно самите сме виновни, затоа што следните шест родителски грешки ги прават децата разгалени:

1. Брзање, брзање, брзање…

Ако брзаме низ дневната рутина, детето секогаш е под притисок. Ништо чудно и самите ние да сме под стрес во такви ситуации. Брзањето испраќа и погрешна порака (која најверојатно и не сакаме да ја испратиме), а тоа е дека малите луѓе не се достојни за нашето време. Затоа застане и дадете им време да го изедат појадокот на мира и самите да го користат приборот за јадење, капете ги со игра без брзање и прочитајте им неколку приказни за добра ноќ. Нема ништо да побегне, освен нивното детство.

2. Недоследен распоред за спиење

Одењето на спиење не е нешто што децата едвај го чекаат и често се обидуваат да го одложат со разни изговори, на пример. не сум уморен или не ми се спие, додека истовремено едвај очите ги држат отворени. Но детето на кое му недостига сон и одмор обично не е среќно дете и плаче и околу најмали ситници.

3. Преоптоварен распоред

Денешното општество е забрзано и распоредите ни се преоптоварени. Тоа многу влијае и врз нашите деца поради попречување на нивното рационално време и безбедната рутина. Кога ќе пораснат, често и на децата им се оптоварува распоредот со различни активности, дружење, случувања кои „не смеат“ да ги пропуштат. Понекогаш не е лошо да се застане и се исфрли од распоредот она помалку важното и едноставно да се дојде до воздух во својот дом. Ако целосно ја менувате рутината на своите деца, обидете се тоа да го направите постепено.

4. Лош став

И тоа е лош став на родителите, не на децата, бидејќи ставот на детето во голема мера зависи од ставот на родителите. Не го потценувајте своето влијание врз децата. Ако сакате среќно дете, бидете родители кои шират среќа и позитивност.

5. Недостиг на контакт со очи

Обичниот контакт со очи и времето кое го посветуваме еден на еден можат да направат чуда и ја смири напнатоста во разни ситуација кога децата (а и ние) сме на работ на „пукање“. Освен тоа, важно е и времето, кое во целост им го посветуваме на децата, а не она кога со аголот со окото гледаме во мобилниот или со едната рака правиме ручек. Малите луѓе ја заслужуваат нашата цела посветеност барем она малку време колку можете да го одвоите од работата и другите обврски.

6. „Наградување“ на плачењето

Никој не сака да слуша плачење и хистерија, можеби ќе се согласите дека тоа е најлошиот можен звук во вселената. Полесно е да им дадете што сакаат, отколку да ги слушате тие страшни звуци. Но што ако ги научиме децата дека хистеријата е начин на кој можат да добијат се што посакаат? Децата брзо учат и брзо разбираат дека доволно е да се вреска за да им се исполни секоја желба. Следниот пат едноставно издржете.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button