ЕКОНОМИЈА

Разгледани се 40 амандмани за ребалансот, ниту еден не е прифатен

Уште три дена пратениците во комисијата за финансирање и буџет ќе расправаат за поднесените амандмани. Досега се разгледани близу 40 поднесени амандмани од страна на опозицијата и сите се одбиени. Инфрастуктурата и изградбата на локални и регионални патишта беа во фокусот на денешната расправа во комисијата. Ребалансот се очекува да се донесе до крајот на месецов по што се најавени владини мерки за помош на граѓаните и стопанството.

„Ние имавме дојден нобеловец во Македонија за да ни каже колку ни се лоши патиштата, јас незнам како не разбирате дека крајно време е аларамантно е да се разберат надлежностите и да се разбере дека ние навистина имаме насушна потреба да се подобри инфраструктурата“, рече Марија Петрушевска-Пратеничка на ВМРО- ДПМНЕ.

„Некој со години може да прави проекти, и да аплицира во некоја од институциите, а некој ќе седи нема да работи ништо во општината и ќе чека со ребалансот да земе преку амандмани проект за да се заврши работа“, рече Бајрам Кадрија, пратеник на ДУИ.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button