ЕКОНОМИЈА

Размислува ли „Макстил“ за принудни одмори на вработените? Еве што вели директорката

Генералната директорка на „Макстил“, Марија Дуковска Павловска, не сака да помислува за испраќање на вработените на неколкумесечен принуден одмор како резултат на актуелната финансиска и енергетска криза иако, како што вели таа, во своето вечерашно гостување во емисијата „Економски Магазин“ на Алсат, стопанството едвај успева да преживее.

„Не сакаме да помислуваме на таква работа. Не е едноставно стопирањето на производството и повторно пуштање во работа. Не сакаме да зборуваме за исплатливост. Овде зборуваме за опстанок. Сакаме да опстанеме во овој кризен период. Сакаме да продолжиме да функционираме како компанија“, вели Дуковска.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button