ВЕСТИРЕГИОН

Разрешен претседателот на бугарското собрание – пратениците му изгласаа недоверба

Со 125 гласови За и 113 Против пратениците од бугарското собрание го разрешија Никола Минчев од функцијата претседател на Собранието.

За негово разрешување гласаа пратениците од ГЕРБ, ДПС, ИТН и „Визраждане“. По гласањето, Минчев се обрати од говорницата со констатација дека во Собранието веќе има ново мнозинство.

„Влегов во храмот на бугарската државност и голема чест е што ме направивте прв меѓу еднаквите. Вистинската причина да се бара мојата оставка е сето она што стои зад гласањето на недоверба следната недела. Во пленарната сала има ново мнозинство“, рече Мнчев.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button