ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

РЕАКЦИИ – на Попова Шапка по улиците тече канализација, а власта ветува голф-терени

Иницијативата „Да ја спасиме Попова Шапка“ ги нарекува срамни и исмејување на граѓаните, ветувањата на министерот за надворешни работи Бујар Османи за инвестиции во оваа туристичка атракција. Хамди Сулимани вели дека граѓаните биле уморни 20 години со празни ветувања. 

„Срамна е изјавата дека ќе се  направат терени за голф и многу силен спортски рекреативен центар. Исти луѓе 20 години по ред ветуваа ревитализација на Попова Шапка и вистински грев е што овие луѓе ветуваат а не прават ништо.

Покрај Османи, премиерот Заев вети и инвестиции во Попова Шапка. Премиерот дури рече дека пронашол странски инвеститор, кој е подготвен да инвестира десетици милиони евра, но не ги објави во јавноста ниту инвеститорот, ниту компаниите со кои преговараат. За Аријанит Џафери од Еко Герила, ваквите изјави се само за маркетинг на избори.

 „Ова се предизборни приказни, ништо повеќе. Секогаш пред изборите доаѓаат со големи ветувања дека ќе има 80 милиони или 50 милиони евра инвестиции, дека ќе има терен за голф, сите овие се предизборни приказни, ништо повеќе. Додека нема официјална информација дека оваа компанија со ова име што го има ова искуство во оваа држава ќе управува со Попова Шапка, сè друго е само приказна, ништо друго. Ние сме навикнати со овој пристап и лично не очекувам да се стори нешто во оваа насока”.

Досега општина Тетово не ги исполни ветувањата за оваа туристичко место. Пред неколку години беше ветувано дека ќе се ревитализира патот до викендиците каде често се случува канализацијата да тече по патот. Во меѓувреме, осветлувањето речиси и да нема, но и покрај добивањето заем од Светска банка, овој проект не беше спроведен и средствата беа пренаменети за набавка на машини на јавното општинско претпријатие.

Bashkim Sulejmani

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button