ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Реакции за одлуката на СПЦ, Пендаровски се сретна со Вучиќ

Реакции за одлуката на СПЦ, Пендаровски се сретна со Вучиќ

Претседателите на Македонија и на Србија, Стево Пендаровски и Александар Вучиќ заеднички ја поздравија одлуката на СПЦ за признавање на афтокефалноста на МПЦ. Тие кусо остварија средба во Давос каде учествуваат на Светскиот економски форум. Пендаровски на својот „Фејсбук“ профил објави дека одлуката на Српската црква ќе придонесе за исправање на историските неправди.

„Верувам дека целиот процес на признавање на автокефалноста на Македонската православна црква – Охридска Архепископија ќе заврши со скоро потпишување на Томосот од Вселенскиот Патријарх г.г.Вартоломеј, што ќе придонесе за исполнување на еден од нашите национални интереси и за напредок и помирување во македонското општество“, изјави Стево Пендаровски, претседател.

Премиерот Ковачевски од Рим го честиташе признанието на автокефалноста.

„Голем е денешниот ден, историски, кога ги чествуваме Светите браќа Кирил и Методиј, да ја добиеме и автокефалноста на нашата црква како рамноправна со другите и како признание за нејзиното наследство во духовната величина на древната Охридска Архиепископија и како автентичен дел на македонскиот идентитет“, нагласи Димитар Ковачевски, премиер.

И лидерот на ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицкоски излезе со честитка.

„Голем ден за нашата света Македонска Православна Црква – Охридската Архиепископија. Нашата црква мора да е обединета, нашиот Синод, свештеството, исто како што мора да биде обединет и нашиот народ и тогаш сите искушенија, бури и премрежја ќе бидат премостливи“, рече Христијан Мицксоки, претседател на ВМРО – ДПМНЕ.

Игор Стефановски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button