МАКЕДОНИЈА

Реакција на Левица за законот за увоз на отпад со европско знаме

Откако Владата на СДСМ доби ново вето, додека ветуваше дека државното име е последна пречка за ЕУ, единствена европска вредност што ја покажува е шверцување на штетни закони со европско знаме, реагираат денеска од опозициската партија Левица.

Во соопштението меѓудругото се додава:

Во Собранието во тек е постапка за усвојување на новиот Закон за справување со отпад и тоа со европско знаменце, со цел да се избегне јавна дебата и вклученост на пошироката јавност. Во истиот предлог се предвидува да се тргне забраната за увоз на отпад за производство на РДФ гориво, која беше усвоена минатата година во фервруари, после силни протести од јавноста дека во најзагадената држава во Европа, граѓаните дополнително се трујат со отпад за гориво.

Како што стои моментално, со овој закон ќе се создаде плодна почва странските инвеститори да можат за поволни услови да основаат компании за преработка на увезен отпад, кој е забранет во земјите на ЕУ, претворајќи ја Македонија во најголемата европска депонија! Меѓу останатото, со преработка во РДФ гориво и понатаму ќе се дозволи најголемите негови корисници да продолжат да профитираат на сметка на здравјето на граѓаните, компании кои веќе подолго време ги тресат бројни скандали (Цементара, Железара, поранешно Фени Индустри, како најистакнати).

Овој закон е исполнет со недоследности, недоречености и нејаснотии и мора детално да се врати на доработка, реагираат од Левица.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button