СПОРТФУДБАЛ

Реал ја доби трката по бразилскиот вундеркинд од Палмеирас

Реал Мадрид ќе ја добие трката за потписот на талентираниот бразилски фудбалер Ендрик. “Вундеркиндот” бил во Мадрид, на тренинзите ги импресионирал челниците на „кралскиот клуб“.

Италијанскиот новинар Фабрицио Романо пренесува дека преговорите се во тек и дека Реал има намера да ја актвира откупната клаузула од 60 милиони евра, плус и да понуди одредени бонуси за 16. годишникот од Палмеирас.

За младиот играч се заинтересирани и Челзи, ПСЖ и Барселона, но во моментов Мадрид се во најдобра позиција. Ендрик ќе може да игра во некој од европските клубови дури кога ќе наполни 18 години, односно ќе може да го напушти Бразил во јули 2024 година.

За да го добие Ендрик, Реал наводно е подготвен да се откаже од борбата за напаѓачот на Манчестер сити, Ерлинг Холанд. Младиот фудбалер оваа сезона одигра 16 натпревари за Палмеирас во сите натпреварувања и постигна девет гола.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button