
Фудбалската репрезентација на Украина во октомврискиот циклус ќе ја дочека Македонија во рамките на квалификациите за Европското првенство. Натпреварот поради воениот конфликт во Украина, ќе се одигра на неутрален терен во Прага.
Во пресрет на натпреварот, украинскиот селектор Сергеј Ребров го соопшти списокот на играчи на кои ќе смета. Украинците три дена по дуелот со Македонија (14 октомври), гостуваат на селекцијата на Малта (17 октомври).
Македонија и Украина одиграа неверојатен натпревар во јуни во Скопје. Нашите фудбалери водеа со 2-0 на полувремето и имаа целосна контрола во првиот дел, ама потоа се случи голем пресврт и Украинците славеа со 2-3. Веројатно дуелот во Прага ќе биде клучен за разврската во групата и конечниот пласман.