ВЕСТИЗДРАВСТВОСВЕТ

Речиси 5 милиони новозаразени за една седмица

Минатата недела повеќе од 4,9 милиони луѓе ширум светот се заразиле со коронавирусот, а повеќе од 44.000 починале, соопшти Светската здравствена организација (СЗО). Растот на новите инфекции е 11 проценти во однос на претходните седум дена, а смртноста е намалена за четири отсто.

„Во текот на неделата од 20 до 26 декември, вкупниот број на случаи се зголеми за 11 отсто во споредба со претходната недела“, соопшти СЗО.

Случаите се зголемија за 39 проценти во Северна и Јужна Америка, за 7 отсто во Африка и за 3 отсто во Европа. Новите инфекции се намалуваат во Југоисточна Азија (12%) и во Источниот Медитеран (3%).

Во Европа се регистрирани 57 проценти од заразените и 53 отсто од смртните случаи во текот на неделата.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button