РЕГИОН

Речиси 800 уапсени во меѓународна полициска акција на Западен Балкан

Обединети полициски сили од 26 земји уапсија 796 лица во масовна полициска операција на Западен Балкан, објави Европол денеска (13 декември).

Акцијата била раководена од центарот во Сараево, а како што се наведува во соопштението, цел биле повеќе криминални закани, вклучувајќи трговија со луѓе, криумчарење мигранти, трговија со дрога и нелегално оружје, како и борба против криминални мрежи од висок ризик.

Без наведување на дополнителни детали, се нагласува дека се покренати вкупно 316 истраги и запленети се 442 парчиња оружје, во акција во која учествувале 31.109 полицајци.

„Опсегот на операцијата беше дизајниран да биде што е можно поширок. Проверките и пребарувањата го вклучија физичкиот и онлајн светот, Интернетот, ‘дарк веб’ и платформите на социјалните мрежи“, соопшти Европол.

Тие додаваат дека во овие „сајбер патроли“ учествувале не само претставници на полицијата, туку и обвинители со различни надлежности.

Извршени се над 655 илјади проверки, со кои се проверени околу 516 илјади лица, 152 илјади возила, пет илјади пратки и 1.181 место на живеење.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button