ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Реџепи не ја сака ЛЕВИЦА, Зијадин Села: „Не е аџамија, па да го излажат“

Пратеникот на Алтернатива, Скендер Реџепи вели дека ќе го стисне копчето за уривање на Владата на СДСМ и ДУИ само ако Левица не биде дел од иницијативата. Реџепи вели дека воопшто не прифаќа, како што рече, против злото да се бори со зло. Истовремено, тој обвинува дека неговата партија била измамена затоа што ВМРО-ДПМНЕ наводно најавувало лажна поддршка од ЛДП која сепак ја нема на документот со новото мнозинство на Мицкоски.

„Прво, сите пратеници бевме убедувани дека Левица не потпишува. Договорот беше да се потпишат ЛДП, БЕСА, ВМРО и ние. Во духот на тоа се согласив да го дадам мојот потпис и секогаш ќе го давам секој потпис кога ќе мора да се отстрани злото за Албанците наречено ДУИ. Но, не по секоја цена. Ставот на Алтернатива отсекогаш бил таков, дека не смееме да се идентификуваме со партија која е антиалбанска по сите елементи. Така што не дозволувам во мојот живот да го зацрнам моето семејно достоинство по ниедна цена.“

Претседателот на Алијанса, Зијадин Села вели дека пратеникот Реџепи не е дете, па некој да манипулирал со него. Села е убеден во депонираните 61 потпис за уривање на Владата.

„Не значи дека падна парламентарното мнозинство, затоа што е најавено дека постапката ќе почне денеска. Премиерот се двоуми дали да поднесе оставка или не. Ние како опозиција му помагаме. Го туркаме да се одлучи за оставка. Денеска почнува. За ваква постапка се потребни 20 пратеници, имаме 61 потпис, што е доволен број за да падне овој хибриден режим.“

Иницијативата за изгласување недоверба на Владата ја потпишаа 44 пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, 12 пратеници на коалицијата Алијанса- Алтернатива, тројца од Движењето Беса и двајца од Левица. По депонираните потписи, од Левица соопштија дека ќе гласаат за уривање на Владата, но нема да бидат дел од евентуалното ново парламентарно мнозинство.

Adrian Kerimi

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button