МЕТРОПОЛСВЕТ

Редок феномен, иако се близнаци родени се во различна година!

Две близначиња се родиле со разлика од 15 минути, па датумот на раѓање им паднал на друг ден, месец и година, бидејќи едно од бебињата се родило точно на полноќ на новогодишната ноќ.

Фатима Мадригал и Роберт Трухило од Гринфилд, Калифорнија, ги пречекаа своите близнаци Алфред и Ајлин во медицинскиот центар Нативидад со разлика од 15 минути на различни датуми, објави Дејли мејл.

Синот Алфредо е роден на 31 декември 2021 година во 11.45 часот со 2,7 килограми, додека ќерката Ајлин се родила на 1 јануари 2022 година на полноќ со 2,3 килограми. Мајката изјавила дека е „лудо“ што нејзините близнаци имаат различни датуми на раѓање, но дека е среќна што Ајлин пристигнала „ден подоцна“.

– За мене е лудо што се близнаци и имаат различни родендени. Бев изненадена и среќна што таа (Ајлин) пристигна на полноќ – истакна таа.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button