ВЕСТИСВЕТ

Референдум во недела – На жените кои абортираат во Сан Марино им се заканува затвор до три години, двојно повеќе за оние кои ја вршат постапката

Малата живописна република сместена во ридско подрачје во централна Италија е една од ретките европски земји каде абортусот сѐ уште е нелегален.

Жените кои абортираат се соочуваат со три години затвор, а оние кои ја прават постапката двојно повеќе, пишува Ројтерс.

„Треба да ставиме крај на ова лицемерие испраќање жени преку граница за абортус“, велат од унијата за жени во Сан Марино.

Граѓаните ќе гласаат за легализација на абортусот на референдум в недела, а резултатот не може да се предвиди.

Сан Марино е едно од последните места во Европа, заедно со Малта, Андора и Ватикан, кои имаат целосна забрана за абортус, дури и во случај на силување и инцест, абнормален фетален раст или опасност по животот на мајката.

Оваа недела, околу 43 години по соседна Италија, земјата со 33.000 жители ќе одлучи дали ќе дозволи абортус до 12-та недела од бременоста.

По тој период, прекинувањето на бременоста би било дозволено само во случај на ризик по животот на мајката или абнормалности на фетусот што би можеле физички или психички да и наштетат, пишува Франс прес.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button