ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Регистрирани 29 нови случаи на Ковид-19, починаа 6 пациенти

Во текот на последните 24 часа, од 3.856 извршени тестови на национално ниво, регистрирани се 29 нови случаи на Ковид-19, од кои 8 во Скопје. Како што дознава Алсат, за истиот период излекувани се 50 пациенти. Битката со Ковид-19 во последниве 24 часа ја изгубиле 6 пациенти.

Од почетокот на пандемијата, во нашата земја се регистрирани вкупно 155.407 случаи, од кои 148.960 се излекувани, а 5.448 починале. Во нашата земја во моментов има 999 активни случаи.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button