ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Регистрирани 36 нови случаи на Ковид-19 во земјава

Во текот на последните 24 часа, од 3.569 извршени тестови на национално ниво, регистрирани се 36 нови случаи на Ковид-19, од кои 7 во Скопје, 15 во Куманово, 6 во Тетово, 2 во Гостивар и по 1 во Прилеп, Велес, Штип, Струмица, Кочани и Кичево. Како што дознава Алсат, за истиот период излекувани се 12 пациенти. Во последниве 24 часа не се регистрирани починати лица позитивни на Ковид-19.

Од почетокот на пандемијата, во нашата земја се регистрирани вкупно 156.017 случаи, од кои 150.263 се излекувани, а 5.489 починале. Во нашата земја во моментов има 265 активни случаи.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button