ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Регистрирани 50 нови случаи на Ковид-19, починаа 18 пациенти

Во текот на последните 24 часа, од 2.955 извршени тестови на национално ниво, регистрирани се 50 нови случаи на Ковид-19, од кои 27 во Скопје. Како што дознава Алсат, за истиот период излекувани се 81 пациент. Битката со Ковид-19 во последниве 24 часа ја изгубиле 18 пациенти.

Од почетокот на пандемијата, во нашата земја се регистрирани вкупно 155.217 случаи, од кои 147.381 се излекувани, а 5.387 починале. Во нашата земја во моментов има 2.449 активни случаи.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button