ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Од утре поевтин дизел, бензинот по стара цена, Регулаторна го објави новиот ценовник

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менуваат,
односно остануваат на исто ниво, како што биле утврдени со одлуката за утврдување на највисоки
малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт 13.09.2021 година, и со тоа
малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 73,00 ден/лит, додека малопродажната цена на
ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 75,00 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 1,50 ден/литар, во однос на
малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на
нафтените деривати и горива за транспорт од 13.09.2021 година и со тоа малопродажната цена на
ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 62,00 ден/лит.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button