ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Регистрирани 11 нови случаи на Ковид-19

Во текот на последните 24 часа, од 2.723 извршени тестови на национално ниво, регистрирани се 11 нови случаи на Ковид-19, од кои 5 во Скопје, 3 во Тетово, и по 1 во Битола, Берово и Пехчево. Како што дознава Алсат, за истиот период излекувани се 4 пациенти. Битката со Ковид-19 во последниве 24 часа ја загубил 1 пациент.

Од почетокот на пандемијата, во нашата земја се регистрирани вкупно 155.700 случаи, од кои 150.067 се излекувани, а 5.486 починале. Во нашата земја во моментов има 147 активни случаи.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button