
Фудбалерите на Баерн Минхен во петтото коло во Бундеслигата го декласираа Бохум со дури 7-0 и запоседнаа со првото место на табелата во Бундеслигата.
Хари Кејн, фудбалерот кој во Минхен беше донесен за 100 милиони евра од Тотенхем, постигна хет-трик, совладувајќи го голманот на Бохум во 12, 54 и 88 минута. Така англичанецот стигна до својот седми гол во петтиот натпревар, и стана клупски рекордер.
Досега рекордот беше сопственост на Марио Манџукиќ, Герд Милер и Мирослав Клосе со по пет голови на пет натпревари. Кејн го постигна првиот хет-трик во Германија, додека во англиската Премиерлигата ги оствари вкупно осум.