ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Рекорден раст на јавниот долг од над 65 проценти од БДП

Јавниот долг на државата до крајот на оваа година ќе достигне 63.9 проценти од бруто-домашниот производ. Според владината фискална стратегија, наредните две години јавниот долг ќе достигне историски највисок раст или во 2022 задолжувањето ќе биде 65,9 проценти а во 2023 година 65,2 проценти од БДП. Премиерот Зоран Заев вели дека намалувањето на јавниот долг ќе се прави со поголем раст на БДП, но и намалување на вработените во администрацијата.

„Целта е 2026 да паднеме под 60 проценти јавен долг а државниот долг под 50 проценти тоа е возможно секако ако проекциите за раст на економијата растат а истовремено ги намалување непродуктивните расходи односно го исполниме ветувањето за намалување на јавната администрација, и со тоа ќе се намали дефицитот со тоа ќе се намали и јавниот долг“, рече Заев.

Според фискалната стратегија во наредните пет години земјата ќе бележи раст на економијата од пет проценти бидејќи заздравувањето од кризата е веќе започнато.

„Согласно основното среднорочно сценарио, економскиот раст во 2021 година е проектиран на 4,1%, а во периодот 2022-2026 година се предвидува просечен годишен раст од 5,4%. Основното сценарио се заснова на стојалиштето дека економијата ќе заздрави во 2021 година, по што ќе се интензивира економскиот раст“, наведуваат од Министерството за финансии.

Според стратегијата оваа година ќе има зголемување на бројот на вработени за еден процент а во следните години вработеноста ќе се зголеми на 54,3 проценти, или во 2026 Владата проектира стапката на невработеност да биде 8,6 проценти. Приоритетите во следниот период според стратегијата биде справување со последиците од пандемијата преку зголемување на обемот на инвестициите.

Андреа Чобанова

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button