ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Решение со Бугарија и старт на преговорите до крајот на годинава, очекуваат Фон дер Лејен и Заев

Нашата цел е Северна Македонија и Албанија да започнат со пристапниот процес пред крајот на годината. ЕК разговара со Скопје и Софија за надминување на блокадата, изјави денеска претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен на заедничката прес-конференција со премиерот Зоран Заев попладнево во Скопје.

-Со двете страни работиме и разговараме и со Бугарија со цел да ја надминеме оваа последна пречка. Има многу добри идеи за коишто вреди да се размисли, се со цел да ја надминеме последната пречка и да започнеме со првата меѓувладина конференција. Нашата цел е со Северна Македонија и Албанија да започнеме пред крајот на годината. Има многу работа. Сметам дека е добар процес, многу разговори, затоа што има многу теми коишто можат да се решат со добар дијалог, со инвестирање на добри идеи  за тоа како да се решат проблемите. Севкупната цел е да се започне со пристапниот процес којшто веќе не треба да биде попречуван и затоа кажав дека нашата цел е до крај на годината да започнеме со првата меѓувладина конференција, рече Фон дер Лајен прашана која е таа последна пречка која стои на патот пшред стартот на преговорите за нашата земја.

Претседателката на ЕК во однос на прашањето дали доколку спорот со Бугарија не биде решен пакетот Северна Македонија – Албанија ќе биде разделен во декември или напролет, подвлече дека за Брисел сега е важно да се фокусира на испорачување резултати сега, односно до крајот на годината.

Премиерот Заев, пак, изрази уверување дека е можно до крајот на годината да дојде до договор со Бугарија кој ќе се темели на европските вредности и со почитување на идентитетските прашања, корситејќи го како основа предлогот на португалското претседателство кој е преземен од актулениот претседатвач Словенија.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button