ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Рецепт на семејството Демири – како да се преполови сметката за струја

Рецепт на семејството Демири – како да се преполови сметката за струја

Избегнувајте често отворање на вратата од фрижидерот, гответе во мали тенџериња, и не отворајте ја вратата од шпоретот бидејќи храната автоматски ќе ве чини повеќе. Ова се само дел од препораките на ЕВН кои треба да послужат за намалување на потрошувачката на струја и намалување на семејната сметка за струја.

 

Овие препораки се многу јасни за семејството Демири од село Горно Нерези. Иако ова семејство брои 12 члена, успеаја да ги намалат трошоците за струја со преполовување на сметката од 6.000 на 3.000 денари месечно.

„Претходно беше проблем што броилото беше старо и стигнуваше од 6.000 до 6.500 денари, а потоа на наше барање побаравме да го сменат струјното броило и го сменија, го ставивме надвор, да не е внатре и сега почнавме да штедиме, и благодарение на тоа што го штедиме и новото броило, сега стигнуваме до 3000-3500 иако сме 12 члена, сега само еден електричен шпорет работи летото, повеќе не работат. Сега почнува зимата за еден месец, се грееме на дрва и не мора да вклучуваме струја, радијатори… се е на дрва“, изјави Сами Демири, домаќин.

Домаќинот на семејството Сами Демири, посочува дека никогаш не користат мали уреди за загревање вода, микробранова  или други уреди кои многу трошат.

„Фрижидерите ги имам во подрум, не се до шпорет, не ги оставам ни до шпоретот за дрва. Ова го знаеме од порано дека самиот фрижидер има штета…. “, рече Сами Демири, домаќин во семејството.

Пеглаат само еднаш неделно, не го оставаат телевизорот вклучен и планираат да добијат батериски ламби, за целосно да избегнат палење на светлата навечер.

„Кај нас пеглањето се прави еднаш неделно, не секој ден, се се прави во рок од еден час и повеќе… Машината за перење се вклучува само на евтина тарифа само ноќе, никогаш преку ден…. Моментално имаме батерии навечер, не палиме светла, сега имам намера да купам фенери и да ги ставам во ходниците да ги палам да има светло, бидејќи во спротивно ситуацијата ќе биде лоша. Преземаме строго мерки, дури и телевизорот не работи нон-стоп, повеќе гледаме телевизија кога ни треба за вести“, вели Сами Демири, домаќин.

Од ЕВН препорачуваат за да се заштеди струја, – да се готви на тенџере со големина на ринглата, микробрановата печка како голем потрошувач на електрична енергија да се користи за мали порции. Само највалканите алишта треба да се перат на 60 степени, машината да се пушта кога е евтина тарифа, а кај машина за миење садови да се  избере најниската температура.

 

Ајнур Бафќари

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button