Министерството за здравство соопшти дека во текот на вчерашниот ден и во вторникот аплицирани се вкупно 9.307 дози вакцини, од кои 1.830 се аплицирани како прва доза, 7.281 се ревакцинирани, а 196 граѓани примиле трета доза вакцина.
Според податоците на министерството заклучно со 13 октомври вкупно се вакцинирани 797.214 граѓани, ревакцинирани се 756.176, а трета доза примиле 982 граѓани.