ЗДРАВСТВО

Ревакцинирани 46 отсто од полнолетните граѓани, досега 43.376 примиле трета доза

Во изминатите четири дена аплицирани се вкупно 8.185 дози вакцини, од кои 1.706 се аплицирани како прва доза, 1.899 се ревакцинирани, а 4.590 граѓани примиле трета доза вакцина. Заклучно со вчера вкупно се вакцинирани 809.293 граѓани, ревакцинирани се 780.456, а трета доза примиле 43.376 граѓани, соопшти Министерството за здравство.

Педесет и четири отсто од граѓаните над 40 – годишна возраст, како што се истакнува, се ревакцинирани, а 33 отсто од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина.

Опфатот со вакцинација со една доза вакцина, на полнолетната популација е 57 отсто, а со две дози опфатени се 46 отсто од граѓаните над 18 години. Според бројот на аплицирани вакцини, 39 отсто од целата популација во нашата земја е вакцинирана, а 37 отсто од популацијата во државата примиле две дози вакцина, информираат од Министерството.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button