ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Ревизија: Исплаќани надоместоци без мерливи критериуми и комплетни документи од страна на ДИК

Државниот завод за ревизија изврши ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност на Државната изборна комисија на сметката на основен буџет за 2019 година. Ревизорите изразија неповолно мислење во однос на вистинитото и објективното прикажување на финансиските извештаи, за усогласеноста на финансиските трансакции со релевантната законска регулатива, упатства и воспоставените политики.

Ревизорите извршија ревизија и на одобрените средства за изборните активности во 2019 година, за спроведените избори за претседател на државата и за предвремените избори за градоначалници на општините Охрид, Ново село и Дебар.

-Ревизорите утврдија дека од вкупно 80 ОИК, до ДИК не се доставени извештаи за работа од 25 ОИК, односно 31 отсто, иако е обврска согласно Изборниот законик, врз основа на кој се пресметува и исплаќа надоместокот за извршениот ангажман.Во однос на исплатата на парични средства за тековни трошоци кои настануваат во врска со извршување на изборните активности на секоја општинска изборна комисија, ревизорите констатираа дека се извршени исплати на средства кај дел од ОИК без соодветна и комплетна финансиска документација, стои во соопштението од Државниот завод за ревизија.

Дополнително, ревизорите утврдиле дека за вкупно 154 лица ангажирани во помошните тела и лица вработени во стручната служба на ДИК, се исплатени средства во вкупен износ од 5 милиони денари. Со извршената анализа на исплатата на надоместокот по овој основ, ревизорите утврдиле дека надоместокот за работни компетенции и работна успешност како дел од вкупниот надоместок, е исплатен врз основа на критериуми кои не се квалитативно определени и мерливи.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button