ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Ревизија: Сомнително финансиско работење во Министерството за култура

Државниот ревизор изрази мислење со резерва за реланоста на финансиските извештаи на министерството за култура за 2019 – та година. Ревизијата утврди кусок на канцелариски мебел, кусок на мобилни телефони, компјутерска опрема, икони, една фреска. Ревизијата утврдила дека во зградата на министерството има уметнички слики за кои нема информаци од каде се добиени. Министерството моментално е тужено во работни спорови во висина од половина милион евра.

Во залиха се 500 илјади книги кои не се дистрибуирани до крајните корисници, а за кои се потрошиле над 6 милиони евра. Во делот на проекти за музичко сценска дејност и културно уметнички манифестации, ревизорите утврдиле дека најголем дел од префрлените пари биле за хонорари за организаторите на настаните а имало и случаи кога вработени во национални установи добиле пари од култура.

„За двајца корисници на средства за финансирање на проект во вкупен износ од 5 милиони 500 илјади денари прикажана е исплата на хонорари за гости од странство во износ од 3 милиони денари за кои ревизијата не се увери дека не се префрлени на учесниците на манифестацијата од причина што исплатата на средства според изводот на сметката е на директорот на здружението под назнака хонорар за учесникот“, се наведува во ревизорскиот извештај.

Во делот финансирање Музејска дејност ревизијата утврдила дека се исплатени 700 илјади денари без поткрепувачка документација. За ставката Европски интеграции, министерството подржило 10 проекти за програмата „Креативна Европа“ во висина од 10 милиони денари. Но ревизорите утврдиле дека за овие проекти биле исплатени парите пред да биде реализиран проектот и пред да биде доставен извештај за потрошените пари. Извештајот е правен во период додека министерството за култура го водеа кадри на партијата „Алтернатива“ – Асаф Адеми и Хисни Исмаили. Министерството има испратено забелешки до ревизија но истите им се одбиени.

Бојан Стојановски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button