СПОРТФУДБАЛ

Резервниот голман на Сити, ги советувал играчите како да го совладаат голманот Глазер

Голманот на Црвена Звезда, Омри Глазер имаше одлично прво полувреме на гостувањето на „Етихад“ кај актуелниот европски првак Манчестер Сити. Тој успеа да ја сочува својата мрежа, за бајката да биде уште поубава, неговиот тим даде гол во финишот и поведе со 0-1.

Делуваше изралескиот чувар на мрежата некој кој не може така лесно да се совлада, а потоа се „матираше„“ самиот себе. На полувремето резервниот голман на Манчестер Сити, Стефан Ортега го „скенирал“ Глазер од клупата, а потоа на полувремето ги советувал соиграчите како да го совладаат, укажувајќи на слабата точка на израелецот.

Овој детал го откри Родри, кој призна дека Ортега му се обратил на полувремето, што му помогнало на крајот да постигне гол.

„Некогаш морате да шутирате силно. Ортега на полувремето ми кажа дека нивниот голман посветува внимание на високи топки, а не и на ниски или странични. Толку добар совет“, изјави Родри по мечот со Звезда.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button