ВЕСТИМЕТРОПОЛ

Рита Ора и Таика Ваитити се венчаа

Рита Ора и Таика Ваитити се венчаа

Поп-ѕвездата Рита Ора и режисерот Таика Ваитити го врзаа јазолот на интимна церемонија во Лондон, објави британски „Сан“ во понеделникот.

„Тоа беше навистина интимна церемонија и многу посебна за сите кои беа таму. Најблиските можеа да видат колку се лудо вљубени”, откри извор близок на парот.

Пејачката, наводно, сакала што поприватна свадба.

Според истиот извор, таа го сменила презимето во Ваитити-Ора, односно го додала презимето на својот сопруг 15 години постар од неа.

Двојката неодамна предизвика гласини за свадба по објавата на младоженецот на социјалните мрежи. Режисерот од Нов Зеланд сподели фотографија на која се гледа неговиот венчален прстен на левата рака.
Инаку, Рита и Таика беа во врска речиси две години, а претходно со години беа пријатели. Пејачката со косовско потекло претходно беше во врска со познати личности како Бруно Марс, АСАП Роки и Ендрју Гарфилд, додека режисерот со маорско-еврејско потекло беше во брак со продуцентката Челзи Винстанли од 2011 до 2018 година. Со неа има две ќерки.

Ора и Вејтити, наводно, се свршиле минатиот месец.

Бракот на Ора со Ватити доаѓа две години откако “Пејџ сикс“откри дека тој и неговата тогашна сопруга, Челзи Винстанли, се разделиле.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button