СПОРТФУДБАЛ

Роберто Карлос експресно му врати на Видал

Играчот на Фламенго, Артуро Видал веднаш по освојувањето на Копа Либертародес и можен дуел со Реал Мадрид во финалето на клупското светско првенство, ги прозва „кралевите“ велејќи: „Реал, ќе ви го шутнеме задникот“.

Со реакција се јави легендарниот фудбалер на Реал Мадрид, Роберто Карлос кој остро му се спротивстави. Видал играше за Барселона, и имаше многу дуели против Реал Мадрид.

„Веќе слушам некои провокации, песни… Но, прво Реал треба да го мине противникот, а и Фламенго. Така размислував и за Ривер Плата, а тие загубија од Ал Аин во 2018 година. Фламенго е добар, но светското клупско првенство е комплициран турнир. Колку пати мојот пријател Видал искажа зборови против Реал Мадрид, а потоа кога ќе стигнеше на натпревар, не можеше ниту топката да ја допре. Му реков тоа. Ајде прво да се мисли на полуфинале, и му кажав дека е премногу под стрес поради Реал Мадрид. Треба да се опушти“, рече Карлос.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button