ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Родителите од село Брњарци не ги запишаа на училиште своите деца

Околу 15 деца од селото Брњарци во општина Гази Баба сè уште не се незапишани во прво одделение. Нивните родители одлучија да не ги запишуваат своите деца на училиште сè додека Општина Гази Баба не дозволи сите ученици да учат во подрачното училиште „Крсте Мисирков “ во ова село. Околу 60 ученици од ова село настава следат во двете училишта во Арачиново и пешачат по 3 километри.

„Ја сеуште го немам запишано мојот син, очекувам да го запишам тука. Во ова училиште. Дете на 6 години, сè уште не е пораснато да помине два и пол километри,тоа е многу тешко, но што да правиме“, изјави Екрем Салиу, совет на родители на село Брњарци.

Покрај загриженоста на родителите, и децата раскажуваат за тешкотиите со кои се соочуваат секој ден додека одат и се враќаат назад од училиште во Арачиново.

„Многу лошо, не напаѓаат кучиња, исплашени сме, мора да го поминеме главниот пат, можат да не прегазат автомобили. многу е лошо. Сакаме да учиме во училиштето во Берњарци, затоа што ни е многу блиску”.

„Училиштето е многу далеку од тука. Има многу автомобили кои возат брзо. Кога врне дожд и снег имаме многу проблеми“.

Директорот на ОУ „Скендербег“ во Арачиново рече дека општина Гази Баба е таа што одлучува за судбината на децата. Како што рече тој, од ова училиште веќе се направени сите подготовки за развој на наставниот процес и во училиштето во Брњарци.

Зошто да пешачат повеќе од 2,5 километри или 3, и да дојдате во нашето училиште, кога училиштето е таму, и е слободно. Подготвени сме, со наше финансирање, нашите наставници и колеги да ги испратиме од нашето училиште таму, дури и ако ни се даде можност со комбинирање само за да не се малтретираат деца – рече Азем Аки, директор на училиштето “Скендербег” Арачиново.

И овој пат од општина Гази Баба не одговорија дали се согласуваат со тоа
подрачното училиште во село Брњарци да се даде на користење на училиштето во Арачиново. Во подрачното училиште во селото Брњарци, само 8 ученици учат на часови по македонски јазик. По завршувањето на часовите на овие ученици, училиштето се затвора, а околу 60 други ученици кои живеат во ова село се принудени да посетуваат настава во училиштата во Арачиново.

Мелихате Рустеми

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button