ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Роднини на поранешни функционери добивале тендери од Груби

Роднини на поранешни функционери добивале тендери од Груби

ВРЕДИ обвинува дека компании блиски до функционери на Европскиот фронт, односно нивните семејства добивале тендери од државни институции додека ДУИ била на власт. Од таму велат дека фирми блиски до членовите на семејството на пратеникот Елми Азири добиле тендери како резултат на влијанието на поранешниот вицепремиер Артан Груби.

„Компанијата RITRON COPY DOOEL увоз-извоз Куманово, чиј сопственик е внук на сопругата на пратеникот Елми Азири, во 9-месечниот период, пресметан од јуни 2021 до март 2022 година, има добиено два тендери од Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците, на чело со Артан Грубин, главен логистичар на Али Ахмети. Овие два тендери се поврзани со набавка на ИТ опрема, чија вкупна вредност изнесува 2 милиони и осумстотини илјади денари. Ова е втора државна институција под команда на Артан Груби, од која истата фирма добила тендери. Без да навлеземе во стручноста на деловното функционирање на компанијата RITRON COPY DOOELувоз-извоз, не можеме да го сметаме за случаен изборот на Перпарим Бајрами и Артан Груби, токму компанијата на внукот на пратеникот Елми Азири да има најповолни понуди за добивање тендери“, изјави Бујаре Абази ВРЕДИ

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button