ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Роднини на загинатите: Судскиот процес за Ласкарци е срамен

Семејствата на загинатите и повредените во трагичната несреќа во Ласкарци денеска пред Кривичниот суд во Скопје, отворено се посомневаа дека одолговлекувањето и немањето епилог на судскиот процес за сообраќајаната несреќа во која пред четири години загинаа 16 лица, е политички притисок за спас на обвинетите. Како и повеќето судски седници, и денешната беше одложена поради немање супер експертиза. Благојче Трпевски, кој во во оваа трагедија го загуби синот вели дека судскиот процес е срамен.

Трпевски заедно со другите членови на семејствата на загинатите побараа да се сретнат со судијката за овој случај, Дијана Груевска, која според нив побарала супер вештачење само за да купи време и да ги спаси обвинетите, тие оценуваат дека прелиминарното вештачење било доволно.

Роднините на загинатите најавија порадикални чекори доколку овој случај за кратко нема епилог.

И Кривичниот суд се жали за супер вештачењето. Според нив, досега 9 пати интервенирале до Бирото за судски вештачења за што поскоро завршување на оваа постапка, но безуспешно.

„Треба да знаете дека до овој момент судот 9 пати интервенирал до Бирото за судски вештачења, навремено да го изврши супер вештачењето кое е неопходно за да се завршат доказните постапки, да се кажат завршните зборови и да се донесе пресудата. За сите барања, а и за одолговлекувањето од една година, судот го информираше Судскиот Совет и Министерството за Правда“, велат од Кривичен.

Од Бирото за судско вештачење не одговорија на нашите прашања. Но, се очекува на 29 ноември вештаците конечно да извршат увид во автобусот, и после да се финализира супервештачењето.

Ардит Рамадани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button