ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Роднините на осудените во „Монструм“ велат дека имаат нови докази

Роднините на осудените во случајот „Монструм“ тврдат дека поседуваат нови докази кои, според нив, ќе ја откријат вистината за овој судски случај. Според Бедри Ајдари, случајот „Монструм“ требало да се расчисти, но политичките пазарења на поранешниот премиер Заев не дозволиле вистината да излезе на виделина.

„Не дека не можеше, не сакаше. Се пазареше со поранешните функционери од режимот на Груевски за случајот „Монструм“. Овој случај имаше поинаков епилог, но пазарот ја смени насоката и сепак невини луѓе останаа во затвор.“

Ајдари додава дека правдата ќе се бара во меѓународните институции.

„Немаме кому да му се обратиме. Судскиот совет тука веќе нема работа. Затоа се обраќаме до релевантните меѓународни институции.“

Судската одлука за случајот „Монструм“ е во Апелациониот суд. Повторното судење започна во февруари 2018. Обвинението го застапуваше поранешното СЈО. На 23 февруари 2021 година беше донесена судска одлука, Алил Демири и браќата Агим и Африм Исмаиловиќ беа осудени на доживотен затвор по обвинение за петкратно убиство на 12 април 2012 година кај Смилковското езеро во Скопје. Останатите двајца обвинети, Фејзи и Хаки Азири, судот ги осуди на 15, односно девет години затвор. Порано осуденииот Сами Лута беше ослободен од обвинението.

Adrian Kerimi

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button