ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Роднините на осудените во случајот „Алфа“ бараат ново судење

Роднините на осудените во случајот „Алфа“ бараат Кривичниот суд да донесе одлука за повторно судење. Правда бара и поранешниот притвореник во овој случај Рамиз Даути, кој вели дека последното вештачење докажало дека осудените во овој случај немаат врска со убиството.

“Минатата недела Кривичниот суд поднесе официјалното барање и очекуваме многу брза одлука. Нема никаква законска причина што може да го одложи рочиштето и  одлуката за повторно судење е неизбежна особено по последното вештачење како нов доказ “.

Даути ги повикува граѓаните и меѓународната заедница да го кренат својот глас против неправдата. Тој вели дека не бара милост, туку само правда.

“Со оглед на тоа што невини луѓе се во затвор без никакво кривично дело, секако дека сега ослободувањето на Мијалков и Камчев не револтира. Тие понудија кауција од вртоглави суми, осудени на по 20 години затвор, а сега се бранат на слобода, а Агим без никакви докази е осуден на доживотен затвор. Бараме од граѓаните, медиумите и меѓународната заедница сериозно да го сфатат нашиот случај. Свесно го правиме ова. Бараме правда, а не милост “.

Во јуни 2021 година, со вештачење побарано од одбраната во случајот „Алфа“ која се спроведе во Србија, е констатирано дека осудените во овој случај не се извршители на убиството на полицаец на паркингот кај Природно-математичкиот факултет во Скопје. Убиството на полицаецот Албанец се случи на 26 ноември 2008 година. Во нападот беа ранети и двајца други полицајци Саше Петровски и Едвард Алексовски. Во 2010 година судот ги осуди Реџаил Ќерими, Агим Ислами и Алмир Дерпланин на доживотен затвор, а Рамадан Шаќири беше осуден на 9 години затвор за логистика.

.Adrian Kerimi

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button