СПОРТФУДБАЛ

Родригез сонува да игра на „Ванда Метрополитано“

Колумбискиот играч за врска, Џејмс Родригез сонува да игра за Атлетико Мадрид. Џејмс, кој моментално игра за тимот на Катар Ал Рајан и има договор до 2024 година, сака да се врати во Европа.

Според весникот „АС“, играчот од средниот ред сонува да игра за Атлетико Мадрид.  За време на неговиот престој во Реал Мадрид имаше понуди од градскиот ривал, но таков потег никогаш не се реализираше.

Дестинации на Џејмс би можеле да бидат и Галатасарај и Фенербахче, бидејќи за него интерес покажаа турските гиганти.

Останува да видиме на крајот од сезоната кој тим ќе биде иднината на колумбиската ѕвезда

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button