СПОРТФУДБАЛ

Роналдо ја прослави јубилејната, 100-та победа со репрезентацијата на Португалија

Еден од најдобрите фудбалери на светот, Кристијано Роналдо, синоќа ја забележа 100. победа со португалскиот национален тим. Португалија во пријателски натпревар ја совлада Андора со 7:0.

„Среќен сум што достигнав уште една историска пресвртница во националниот тим“! – напиша Роналдо на Твитер.

Тој мечот го заврши со еден гол и една асистенција.

Светски рекордер по победи со репрезентацијата е Серхио Рамос, кој триумфирал на 129 натпревари со Шпанија. Во топ 3 има уште двајца Шпанци – Икер Касиљас (121 победа) и Чави (100).

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button