СВЕТ

Рот: Потребни позитивни сигнали за Западен Балкан

Доколку Европската Унија остави вакуум за Западен Балкан, тогаш во тој вакуум ќе влезат и други сили кои не ги делат демократските вредности на Унијата, изјави Мајкл Рот, државен секретар за Европа во германското Министерство за надворешни работи. Тој изрази разочарување што нема никаков напредок во интеграцијата на земјите од Западен Балкан за време на германското претседателство со ЕУ во изминатите шест месеци.

„Итно ни требаат позитивни сигнали за Западен Балкан. Не станува збор за ништо помалку од нашиот кредибилитет“, изјави Рот за „Ханделсблат“.

„Доколку ЕУ остави вакуум на Западен Балкан, тогаш други сили кои не ги делат демократските вредности на Унијата ќе влезат во тој вакуум од геостратешки причини. Ние си пукаме себе си во стапалото“, изјавил Рот.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button