СПОРТ

Руни со критики за играчите на Јунајтед: Гледам многу фудбалери кои не сакаат…

Вејн Руни внимателно ги следи настапите на Манчестер Јунајтед и сосема очекувано, испрати критики на адреса на својот поранешен клуб, односно неговите играчи.

Поразот од Ливерпул останува топ тема кај англиската јавност, а Руни истакна дека најмногу забелешки има на желбата на фудбалерите да помагаат во фазата на одбрана, што може да се протолкува како индиректна критика за Кристијано Роналдо.
– Фудбалерите имаат голема одговорност. Се работи за врвни фудбалери и на клуб како Јунајтед му треба повеќе од нив.

– Играчите мора да бидат повредени, мора да чувствуваат колку боли кога губиш вакви натпревари.

– Гледам многу фудбалери кои не сакаат да се вратат назад, не сакаат да помогнат во одбрана и не сакаат да дадат се од себе за екипата, – изјавил Руни.

Извор: Дерби

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button