ЗДРАВСТВОСВЕТ

Русија ја регистрираше првата вакцина против коронавирус за животни

Русија ја регистрираше првата вакцина во светот против коронавирус за животни, а нејзиното масовно производство би можело да започне уште во април, изјави за новинарите заменик директорот на Федералната служба за ветеринарен и фитосанитарен надзор на Русија (Роселхозназнадзор) Константин Савенков.

Тој изјави дека вакцината „Карнивак-Ков“, која е изработена од Федералниот центар за здравје на животните, е прва и моментално единствена профилактичка подготовка против ковид 19 за животни во светот.

„Кучиња, мачки, арктички лисици, визони, лисици и други животни учествуваа во клиничките испитувања на „Карнивак-Кова“, кои започнаа во октомври минатата година. „Резултатите од истражувањето ни овозможуваат да заклучиме дека вакцината е безопасна и високо имуногена, бидејќи 100 проценти од вакцинираните животни имаат развиено антитела кон вирусот корона“, изјавил Савенков.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button