ВЕСТИСВЕТ

Русија тврди дека спречила голема украинска офанзива во Донецк

Министерството за одбрана на Русија соопшти дека руските сили спречиле голема украинска офанзива во регионот Донецк и дека убиле стотици украински војници. Во соопштението на Министерството се вели дека Украина го започнала нападот во неделата (4 јуни), користејќи шест механизирани и два тенковски баталјони.

„Утрото на 4 јуни, непријателот започна голема офанзива во пет сектори на фронтот во јужниот правец на Донецк. Целта на непријателот беше да ги пробие нашите одбранбени линии на според него, најранливиот дел од линијата на фронтот. Но, непријателот не ги постигна своите задачи – немаше успех“, соопшти руското Министерство за одбрана на Телеграм.

Министерството за одбрана на Русија додаде дека во нападот руските сили убиле 250 украински војници, но и дека уништиле 16 тенкови, борбени возила на пешадијата и 21 оклопно борбено возило.

Засега нема коментар од Украина.

Не е јасно дали наводниот напад претставува почеток на долгоочекуваната украинска контраофанзива за повторно заземање на дел од територијата преземена од руските сили по инвазијата во февруари 2022 година.

Официјален Киев неодамна соопшти дека Украина е подготвена да ја започне својата контраофанзива против руските сили, но не откри кога би можела да се случи.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button