СВЕТ

Русите затекнати од делумната мобилизација

Русите затекнати од делумната мобилизација

Делумната мобилизација наредена од рускиот претседател Владимир Путин е во тек во рускиот далечен источен регион Јакутија. Во оваа земја, затворен стадион се претвори во регрутен центар.
снимки регрутирање

Еден од жителите нагласи дека не очекувал работите да се случат толку брзо. Поканата да се бори во Украина ја добил на улица.

„Не го очекував тоа. Отидов во градинка со ќерка ми и поканата ми ја дадоа на улица. Дојдов овде веднаш. Добро сум, смирен. Се надевам дека наскоро ќе се вратам дома“, рече Павел Соколов, жител.

„Членовите на семејството плачат. Најтешко е да се збогуваш со децата, изјави Димитри Плашенко, жител.

„Мислам дека тоа не е моја борба. Тоа е веројатно војната на Русите и Украинците. Не е моја“, додаде Михаил Винокуров, жител.

Во меѓувреме, на видео поделено на социјалните мрежи се гледа како резервистите мобилизирани да бидат испратени на фронтот, с епијани и се тепаат меѓусебно Новинската агенција Nexta не ја штедеше иронијата за настанот. „Бранителите на татковината“ мобилизирани во пијана состојба започнале меѓусебна тепачка. Се чини дека нема да стигнат сите на фронт“, се вели во описот на видеото.

Додека мобилизацијата на Путин ги полни автобусите, илјадници луѓе ја напуштаат Русија, формирајќи долги редици на граничните премини. Долги редици возила се забележани на границата со Грузија. Слична ситуација има и на границата со Финска. Финската гранична стража соопшти дека бројот на Руси кои влегле во земјата во четвртокот бил двојно повеќе од претходниот четврток. Кремљ веста за овој „егзодус“ ја оцени како претерана./Alsat.mk

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button