ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Русковска поднела обвинение против Рашковски?

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈОГОКК), со кое раководи Вилма Русковска, денеска до Кривичниот суд во Скопје поднело обвинение против поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски и против уште шест лица за проблематичните набавки на софтвери, дознава „360 степени“ од судски извори.

Засега нема официјална потврда на овие сознанија на „360 степени“.

Ваквиот развој на настаните обвинителката Русковска го најави на 21 септември годинава, кога објави дека се завршени вештачењата и дека истрагата, во која беа споени два предмета, влегува во завршна фаза со испрашување на осомничените. Рашковски го дочекува обвинителниот акт во домашен притвор, иако Обвинителството повеќепати бараше тој да се врати во затворски притвор.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button