ВЕСТИСВЕТ

Руте: Случувањата во Украина имаат влијание на глобално ниво

– Евроатланскиот и Индо-пацифичкиот регион не се премногу одвоени кога станува збор за заканите и она што се случува во Украина сега има влијание на глобално ниво, изјави денеска во Брисел генералниот секретар на НАТО, Марк Руте по билатералната средба со американскиот државен секретар Ентони Блинкен.

– Севернокорејците војници претставуваат дополнителна закана за Украина и ќе го зголемат потенцијалот на (рускиот претседател Владимир) Путин за нанесување штета, истакна Руте.

Тој оцени дека активностите на севернокорејските војници во Украина имаат своја цена, за која Русија плаќа со испорака на технологија, вклучително и ракетна технологија, за Северна Кореја, што претставува закана не само за европската страна на НАТО, туку и за американската територија, за Јужна Кореја и Јапонија.

Руте додаде и дека руската агресија ја помагаат и Кина, која ги заобиколува меѓународните санкции и со испорака на стоки за Русија ги потпомага нејзините воени напори, како и Иран со неговата испорака на дронови и друга технологија, за што Москва му плаќа на Техеран и со тоа му помага да продолжи со неговите напори за дестабилизирање на Блискиот Исток.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button