ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

С. Коњари, нема решение за ископот

Ископувањата во реката Пчиња во Средно Коњари, продолжија и денеска. И покрај сомнежите покренати од институциите дека концесионерот не постапува во согласност со точките од договорот за концесија, се уште нема конечна одлука дали ќе се запре работата на терен.

“Денеска почнаа со работа утрово, од 07:00 часот…. Во моментот не работат, веројатно одмараат или ручаат потоа пак продолжуваат со работа.  Овие одат навака, сакаат да ни дојдат во нашето село. Ние само да ги напуштаме куќите и да си одиме! Бевме кај сите по ред, сите ни ветија, но еве што се случува на крајот“.

“100% ќе дојде полицијата како кога протестиравме порано. Еден ден по протестите, доаѓаше полиција и ни бараа изјави и ни изрекуваат на нас кривична пријава. Во нашето село има околу 20 лица за кои е покрената кривична пријава. Нивните возачи се без возачка дозвола и  нивните камиони се нерегистрирани. Таков притисок само во Палестина и тука во Средно Коњари.”

Инспекторите следниот вторник повторно ќе излезат на терен за да направат мерења и да соберат повеќе докази кои можат да ги зајакнат нивните сомневања за неправилности. Алсат дознава дека сопственикот на компанијата „Европрогрес“ побарал во таков процес да учествува и геодет ангажиран од негова страна. Водата од реката Пчиња навлезе преку ископаниот дел од земјоделското земјиште каде што концесионерот ги извршува работите, позната како зона Б, наликува на мочуриште. Поради тоа, според жителите, за време на летото инсекти, главно комарци, „ги напаѓаат“ нивните домови, а со тоа постои опасност од ширење на болести. При нивната последна посета на терен, министерот Нуредини и Николовски изјавија дека работата на концесионерот ќе биде стопирана веднаш штом се соберат доволно докази кои  докажуваат дека има неправилности.

Evi Shkopi

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button