ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

С Македонија не е подготвена за промена, тврди бугарскиот копретседавач со историската комисија

Прашањето со РСМ е важно, но повторно ништо не се случи. Нема подготвеност за каква било промена, тврди бугарскиот копретседавач на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања меѓу Северна Македонија и Бугарија, професорот Ангел Димитров во изјава за БНТ, пренесува новинската агенција БГНЕС.

Изјавите на Димитров доаѓаат по минатонеделниот 20. по ред состанок на експертската комисија за историски прашања што се одржа во Скопје.

„Ова е важен сигнал за севкупните ставови, но пред сè за атмосферата во која работи нашата Заедничка историска комисија на својот 20. последователен состанок. Нема подготвеност за каква било промена“, вели копретседавач на Комисијата од бугарска страна.

Тој споделува впечатоци за атмосферата во која заседавала комисијата минатата недела. Според него, телевизиите главно се занимавале со предлогот, односно, како што вели Димитров, барањето на ДПМНЕ за распишување референдум на кој целосно ќе се отфрли Договорот за добрососедство со Бугарија.

„Оваа атмосфера беше заднината на која се одвиваа нашите разговори. Јасно можев да ја видам загриженоста на дел од колегите бидејќи некои од нив рекоа дека се подложени на закани и притисоци кога нешто менуваат во својата позиција“, нагласува Димитров додавајќи дека „ова јасно сугерира што се случува во PCM“.

Како образложение, во изјавата тој се повикува на податоци од истражување на германската фондација „Конрад Аденауер“, според која, како што потенцира Димитров, најголем непријател на нивната земја (С Македонија н.з.) е Бугарија, односно дека на вакво мислење биле 44 отсто од граѓаните на земјава.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button