ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Сѐ поголемиот број бездомни кучиња во Тетово им создава главоболки на граѓаните

Последниве денови кучињата скитници станаа кошмар за жителите на Тетово. Градските улици се полни со кучиња, кои често напаѓаат минувачи. Последниот случај беше нападот на петгодишно дете, кое се здоби со повеќе повреди од каснување на кучиња скитници, додека си играше со пријателите. Здравствената состојба на петгодишното дете е стабилна. Граѓаните се жалат дека се плашат да излезат на улица, бидејќи улиците и раскрсниците се преполни со кучиња.

„И сами видовте како е детето. Тоа не ни треба, но ете, кучињата вредат повеќе од луѓето…“

„Многу сме исплашени, одиме со страв, верувајте. Се плашиме, видете колку кучиња има“…

„Ги гледаме и навистина е опасно бидејќи децата одат на училиште, ова се работи за кои треба да се преземат мерки“, реагираат тетовци.

Од општина Тетово велат дека досега се издвоени околу три милиони денари за третирање на кучињата скитници, додека најавуваат дополнителни средства. Компанијата, која се занимава со третман на кучиња скитници, вели дека во последно време има зголемување на бројот како резултат на нивното носење од другите градови. Властите бараат поголем ангажман на полицијата за да се спречи таквата појава.

Башким Сулејмани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button