МАКЕДОНИЈА
Сѐ уште активен пожарот на планината Беласица меѓу селата Смоларе и Мокрино
Пожарот меѓу селата Смолари и Мокрино, во подножјето на планината Беласица, се уште е активен и има внатрешно горење, информираа од Центарот за управување со кризи (ЦУК) за МИА.
Пожарот, кој избувна завчера, денеска го гаснат екипи на ЈП ПШС „Беласица“ од Струмица со три теренски возила и 15 вработени.
Според заменик директорот на ЈП „Национални шуми“, Кире Михаилов пожарот на Беласица во текот на ноќта се префрлил на источната страна од која беше обезбеден и се шири.