ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Сѐ уште нема разврска на истрагата за паднатиот веб сајт на Државната изборна комисија

Обвинителството уште работи на истрагата за паднатитот веб – сајт на Државната изборна комисија. Конкретно, Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција се интересира за склучениот договор во четири очи меѓу Државната изборна комисија и ДУНА компјутери. Тие доказите ги пратиле на економско вештачење за да се утврди направената штета. Во меѓувреме, веќе почнаа да ги сослушваат сведоците. Но, осомничените лица, како екс преседателот на ДИК, Оливер Дерковски и сопственикот на ДУНА, не дошле на дневен ред да дадат исказ пред обвинител, кои се сомничат дека софтверот е набавен вон законска постапка.

„По добивањето на извештајот од вештачењето и проучувањето на прибраниот доказен материјал ќе биде донесена јавнообвинителска одлука за која јавноста навремено ќе биде информирана“, наведоа од Обвинителството.

Со склучениот договор меѓу Државната изборна комисија и ДУНА, фирмата која го направи софтверот за изборните резултати немало евалуација на другите понуди. Софтверот не бил тестиран пред да се сумираат изборните резутати, а за техничката спецификација за јавната постапка бил консултиран учесник во постапката. Ова е надвор од процедурите за јавни набавки. Начинот за склучениот договор се откри откако на денот на изборите интернет страницата на ДИК не ги објави изборните резултати, поради хакиран веб – сајт. Сè уште се истражува кој стои зад хакирањето. ДУНА тврдеше дека направениот софтвер е безбеден, но не и веб – сајтот на ДИК.

Игор Стефановски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button