ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

САД алармираат – последните часови од евакуациите од Кабул ќе бидат крајно опасни

Неколку ракети беа истрелани изутринава кон аеродромот во Кабул додека американските војници се подготвуваат целосно да се повлечат од Авганистан. Според американски претставник, проектилите биле пресретнати од системот за противракетна одбрана. Милитантната група Исламска држава на Корасан ја презеде одговорноста за нападот. Засега нема информации за жртви. САД и нивните сојузници евакуираа повеќе од 117.000 лица, заедно и странци и Авганистанци, од аеродромот во Кабул, откако Талибанците ја презедоа контролата пред две недели.

Американскиот претседател Бајден и други високи американски претставници предупредија дека последните часови од операциите во Кабул ќе бидат крајно опасни. Во неделата, американската војска соопшти дека нападот со беспилотно летало врз возило во Кабул спречил напад на ИСИС, чии цели биле луѓе собрани на аеродромот. Нападот со беспилотно летало се случи два дена откако во самоубиствениот бомбашки напад загинаа околу 170 Авганистанци и 13 американски војници.

Министрите за надворешни работи на неколку земји виртуелно се состанаа денеска за да разговараат за политиката во Авганистан. Станува збор за претставници на Канада, Франција, Германија, Италија, Јапонија, Велика Британија, Катар, но и на Европската унија и НАТО.

Alsat

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button